Македонецот е број еден: Јакимовски е МВП на колото во Еврокупот

Дерби

11/12/2025

13:44

290

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски го понесе признанието за најдобар играч на колото во Еврокупот, второто по ранг кошаркарско натпреварување во Европа.

Членот на Тренто одигра фантастично во соочувањето со Бург, постигна 30 поени (8/9 за еден, 8/10 за два, 2/5 за три), собра 7 скока, испорача 3 асистенции, украде 2 топки и врз него беа направени дури 10 фаули или севкупно дојде до индекс 43 со што постави рекорд во италијанскиот клуб во ова натпреварување.

Ова за него е прво вакво признание во кариерата, односно е само петти играч на Тренто кој успеал да биде МВП, прв од 2021 година.