Кембел прогнозираше каков потег ќе повлече Арсенал во зимскиот преоден рок

Дерби

11/12/2025

12:52

319

Големина на фонт

а а а

Сол Кембел добар дел од својата кариера мина во дресот на Арсенал и тоа во два мандати во кои се израдува на пехари во Премиер лигата, ФА Купот, Комјунити Шилд, а за „влакно“ му избега трофејот во Лигата на шампионите во 2006 година, година во која „топчиите“ загубија во финалето од Барселона.

Некогашниот дефанзивец редовно ги следи фудбалските случувања и од негов агол даде предвидувања за потегот кој Арсенал би можел да го повлече во зимскиот преоден рок без разлика на тоа што е на врвот како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите.

- Кој знае? Можеби постар централен дефанзивец кој сака шестмесечен договор. Нешто може да се случи кон крајот на јануари, или позајмица што има смисла. Држете ги вашите опции отворени. Не можете да си дозволите двајцата (Салиба и Габриел) да бидат надвор, ви треба барем еден да биде подготвен и да игра сега.

- Другите централни дефанзивци се сите врвни играчи, но тие не се Салиба и Габриел. Арсенал може да изгуби двајца играчи на друго место на теренот, но во одбраната им недостасува искуството, знаењето и смиреноста на Салиба и Габриел за големите моменти, - порача Сол.