Реал Мадрид загуби од Манчестер Сити со 2-1 во дербито во Лигата на шампионите, меч кој дел од медиумите го окарактеризираа како да се биде или не за тренерот Чаби Алонсо.
Алонсо не успеа да донесе позитивен резултат, меѓутоа засега нема информации дека Реал ќе преземе чекор и ќе се откаже од него или поточно видовме играчи кои застанаа зад него со јасна порака дека му веруваат.
Во големите клуботи работите можат брзо да се променат и останува да се видиме во кој правец ќе се движи Алонсо и дали ќе остане на чело на проектот во блиска иднина. Тој како човек кој настапуваше за Реал многу добро знае како функционираат работите, а додека оваа тема е жешка и се дебатира легендарниот Тјери Анри имаше што да порача и да заклучи.
- Не знам што управата сака да направи или не. Секогаш ми е смешно што менаџер може да биде во неволја по шест месеци на работа. Лично не се согласувам со тоа. Но, исто така знаете дека во клуб на ниво на Реал Мадрид или Барселона или некој друг, можете да се разбудите и да чуете некои лоши вести бидејќи работите може да се променат.
- Не мислам дека тренерот да се доведува во прашање. Ако имате тренер на позиција, тогаш треба да се обидете да видите што може да направи. Но, го слушнавте Гилем [Балаге], го слушнавте претседателот, ги слушнавте сите, го слушнавте Гарет Бејл како вели дека кога сте таму, треба да управувате малку повеќе од тренерството. Значи, јас лично не се согласувам со тоа, но така е, - порача Тити.






