Педри за играчот кој зема принуден одмор: Тој ми е како брат…

Дерби

11/12/2025

09:01

686

Големина на фонт

а а а

Барселона врза четири победи во низа во Примера и Лигата на шампионите, серија која тргна по тешкиот пораз од Челси на „Стемфорд Бриџ“.

Тоа беше меч на кој каталонците загубија со 3-0, натпревар на кој најслаб беше дефанзивецот Роналд Араухо кој воедно ова соочување го заврши уште во првиот дел по добиениот црвен картон.

По ова Уругваецот доби многу критики од навивачите по што ментално се скрши и побара од клубот принуден одмор. Од Барса му излегоа во пресрет и големиот борец се обидува да ги реши психолошки проблеми, а во тоа се надева дека ќе му помогне патувањето во Израел.

Додека се обидува да се врати на вистински пат, да се стабилизира, Педри испрати една емотивна порака до него.

-Не е лесна тема. Сакам да му дадам максимална поддршка, веќе приватно разговарав со него. Тој е уште еден член на семејството, многу го сакаме и ни е потребен и на теренот и надвор од него..

-Ова се работи што се случуваат; има грешки и на теренот и надвор од него. Сите правиме грешки и ни е потребен затоа што, за мене, тој е брат. Многу го сакам и посакувам да биде со нас што е можно поскоро, кога ќе биде добро, -порача Педри.