Кога размислуваме за нега на кожа, често прво помислуваме на креми, серуми и надворешна рутина. Но, како што нè потсетува Џим Тан, 64-годишна Корејка со завиден тен, вистинската нега на кожа всушност започнува одвнатре.
Инфлуенсерката не се потпира на скапи третмани, туку на четири едноставни, но моќни принципи, кои ги практикува секојдневно, а резултатот е кожа што зрачи со здравје и свежина, без разлика на годините и грижата со креми.
Додека спиеме, не се одмара само телото, туку и кожата. Навечер доаѓа до регенерација на клетките, а како што вели Џим: „Сонот го намалува хормонот на стрес, кој често е причина за црвенило и воспаленија на кожата.”
Нејзината препорака е едноставна – спиј минимум 7 часа секоја ноќ.
Верувале или не, оваа витална дама неодамна истрчала маратон. Во едно од своите видеа објаснува: „Телото го сака движењето, а кожата тоа веднаш го покажува.”
Физичката активност ја подобрува циркулацијата, овозможува доток на кислород до клетките на кожата и побрзо отстранување на токсините. Резултат? Сјајна, здрава кожа без дополнителни филтри.
За Џим разновидната и шарена исхрана е клучот: многу овошје, зеленчук и квалитетни протеини во секој оброк.
Еве како одредени нутриенти придонесуваат за здравјето на кожата:
• Витамин C го поттикнува создавањето на колаген (најмногу го има во црни рибизли, брокула, магдонос);
• Витамин E ја зајакнува заштитната бариера на кожата (се наоѓа во јаткасти плодови, на и батат);
• Омега-3 масни киселини имаат противвоспалително дејство (авокадо, риба, семки од чиа).
Овие состојки ги внесува секојдневно, најчесто преку утринско смути кое станало нејзин ритуал.
Можеби најубавиот совет што го дава Џим е: „Разбуди се благодарна. Позитивното размислување прави чуда за твојата кожа.”
Хроничниот стрес не е само емотивно оптоварување, тој буквално го забрзува стареењето на кожата, предизвикува воспаленија и појава на неправилности. Смирен ум значи и опуштени мускули на лицето, а со тоа и помалку брчки.
Џим Тан е жив доказ дека не мораш да вложиш богатство за да изгледаш младо. Конзистентноста во малите работи, добриот сон, движењето, избалансираната исхрана и смирениот дух — сите тие се темели на нејзината сјајна кожа.
„Вистинската убавина доаѓа одвнатре,” порачува таа, и тоа на нејзе навистина се гледа.