[ФОТО] Била на прошетка со сопругот па направила „спектакл“: Амал Клуни во издание што секоја жена може да го ископира

Кармин

10/12/2025

14:55

905

Големина на фонт

а а а

Познатиот заводник, Џорџ Клуни се прошетал со сопругата, адвокатката Амал Клуни, во мало гратче на југот од Франција.

Тоа беше една пријатна есенски ден за нив, а за љубителите на модата уште една идеја за совршен изглед, кој може веднаш да се копира.

Иако не зборуваат многу за својот приватен живот во медиумите, сепак често се главна тема, а сето тоа благодарение на Амал, чиј едноставен и беспрекорен стил го привлекува вниманието на јавноста.

Овој пат среќниот пар бил на прошетка, а Амал решила да покаже дека дури и многу едноставната и практична облека може да изгледа тренди, а истовремено да се чувствувате удобно во неа.


И двајцата биле совршено модно усогласени, и додека Џорџ овој пат носел лежерна модна комбинација – панталони, џемпер со кружен изрез и тенка јакна, Амал избрала краток плетен фустан во боја на слонова коска, краток зелен капут-сако и црни чизми до глужд.

Овие чизми се апсолутен хит веќе со децении, бидејќи се удобни, поради потпетицата со блок, а со оглед на тоа што се изработени од најфина кожа, тие се исто така топли, водоотпорни и што е многу важно за многумина, лесни за комбинирање со различни модни парчиња, поради што многу жени ги носат од септември до мај.

Инаку Џорџ и Амал живеат во тој дел од Франција од 2021 година, кога купиле лозје на имот вреден 8,3 милиони долари.

Тие и понатаму се сметаат за еден од најпочитуваните парови во Холивуд од нивната венчавка во 2014 година. Имаат две деца, близнаците Александер и Ела, кои ги одгледуваат далеку од очите на јавноста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk