Најстарото женско име на светот е симбол за живот, среќа и љубов. Знаете ли за кое име станува збор?
Името Ева е едно од најстарите и најпознати женски имиња на светот. Ова библиско име носи моќно значење – на хебрејски јазик значи „животен дар“, а во христијанството претставува симбол за живот, среќа и почеток на човештвото.

Според Библијата, Ева била првата жена која ја создал Бог, сопруга на Адам и прамајка на сите луѓе. Легендата вели дека е создадена од реброто на Адам, што симболично говори за поврзаноста, љубовта и единственото на мажот и жената.
Денес, името Ева ја задржало едноставноста, но и длабоката симболика. Кратко е, лесно за изговарање на многу јазици и затоа е едно од најчестите меѓународни женски имиња. Во последните неколку години и во Македонија забележан е пораст на ова популарно име.
Родителите сѐ почесто бираат кратки, нежни и традиционални имиња за своите деца. Покрај модерниот призвук, името Ева носи и моќна духовна порака – тоа е вечен симбол за животот, верата и надежта.

Без оглед на трендовите, името Ева останува безвремено, женствено и елегантно, совршен избор за секоја мала принцеза.