„Ова е криминал“: Лорен Санчез во мини-капут кој чини многу, а многумина не би го облекле ни да е бесплатен – лавина критики за модниот стил на сопругата на Безос

Кармин

09/12/2025

16:30

2.290

Големина на фонт

а а а

„Парите не можат да купат стил“ – оваа добро позната реченица пред два дена доби илустрација во вид на модното издание на Лорен Санчез, која сигурно е позната личност со најмногу модни критики во 2025 година.

Лорен Санчез уживаше во петокот во ноќен клуб на Беверли Хилс со сопругот Џеф Безос. Нејзиниот мини-капут од кожа со крзно се коментира уште од првиот момент кога стајлингот го здогледа „светлото на денот“. Многумина буквално останаа без зборови кога го видоа ова издание.

Поранешната ТВ водителка носела „Alaia“ капут кој чини 10.000 долари. Овој струкиран модел изгледа како мини-фустан и делува дури и малку како недовршено поради должината.


Санчез го надополнила капутот со чизми над колената и со „Chloé Paddington“ чанта која чини 2.290 долари. Таа носела дијамантски обетки, сребрен ѓердан и очила за сонце. И додека Санчез била во зимски аутфит, нејзиниот сопруг се појави во монохроматско издание, во облека со кратки ракави.

На Инстаграм, корисниците не ги штеделе зборовите поради ваквата мода, а некои од коментарите гласат: „Нејзе ѝ е зима, нему му е претопло“, „Залудни се парите, тие не купуваат класа“, „Зошто мислат дека се толку важни, кога воопшто не се?“, „Што ќе им се овие очила за сонце?“, „Ако имаш толку пари, а се облекуваш како Лорен Санчез, тоа е криминал“, „Нека најде стилист, помош ѝ е повеќе од потребна“.


Лорен Санчез и Џеф Безос покажаа како изгледа вистински модна неусогласеност помеѓу двајца партнери. Иако не се најдобри во стилот на облекување, во една работа се несомнено први.

Санчез ја носи титулата кралица на модниот невкус со години, но не го поправа својот моден манир. Таа секогаш изгледа толку самоуверено во она што го носи, што никој не може да ѝ ја уништи радоста.


Безос е во состојба на еуфорија откако пред седум години ја обелодени врската со Лорен Санчез. Тој ја промени својата слика и се подмлади, па од синоним за „бубалица“ стана маж со силни мускули кој се труди да се облекува што помодерно.

Познатиот пар ја живее својата втора младост и остава впечаток дека сè им е супер. Но, дали ќе го поправат стилот и ќе преминат од модни киксови до облекување за пример? Останува да видиме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk