Љубовна приказна на која Холивуд се восхитува: Како на Мет Дејмон едно излегување му ја одредило судбината – била келнерка и го воодушевила

Кармин

10/12/2025

16:23

971

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо е една од ретките холивудски романси кои, без оглед на светлото на рефлекторите, останува цврста како првиот ден.

Сѐ започнало целосно случајно, далеку од црвениот тепих во еден бар во Мајами.

Дејмон ја снимал комедијата „Stuck on you“ во Мајами 2003 година, што се докажало како судбинско за актерот затоа што баш тоа му било потребно за да ја запознае жената со која сега дели речиси две децении од животот.


Како што еднаш говорел, влегол во барот по снимањето, а зад шанкот стоела Лусијана Барозо, шанкерка и самохрана мајка која апсолутно не очекувала дека тој ден ќе ѝ го смени животот од корен.

„Требаше да го снимам филмот на Хаваи, а потоа локацијата се премести на Флорида. Една вечер, среде снимање, неколку момчиња од екипата предложија да одиме некаде на пиво. Иако не бев расположен за излегување, успеаја да ме убедат“, изјавил Дејмон во една емисија и додал:

„Просторијата беше полна со луѓе, но јас ја видов. Како да ме облеа некоја светлина кога ја здогледав. Не знам како ни се вкрстија патиштата. Да, тоа беше љубов на прв поглед“.

Две години подоцна се венчале во Њујорк. Лусиана има ќерка од првиот брак, Алексија која Дејмон од самиот почеток ја прифатил како своја, а заедно имаат три ќерки – Изабела (2006), Џиа (2008) и Стела (2010), пораснале во вревата на филмските премиери и меѓународните снимања, но парот сепак го одржал својот секојдневен живот импресивно нормален.


Филмска слава

Патувањето на Дејмон до филмската слава започнало многу пред судбинската ноќ во Мајами. На Харвард ја напишал првата верзија на „Good Will Hunting“ на курс по драмско пишување. Подоцна тоа станало сценарио кое го лансирало на највисоко ниво на Холивуд и му донело Оскар.

Од тогаш добил повеќе номинации за Оскар и како актер и како продуцент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk