[ФОТО] Официјално прогласена бојата за 2026 година и верувале или не – предизвика расправа: Ќе доминира во модата, ентериерот, рекламите...

Кармин

05/12/2025

15:00

637

Големина на фонт

а а а

Светскиот aвторитет за бои на познатата компанија „Pantone“ ја објави својата боја на годината за 2026, а изборот е нијансата со име „cloud dancer“, односно „танчар по облаците“, што е име кое звучи поетично и го навестува нејзиниот карактер.

Институтот за боја „Pantone“ којшто стои зад глобално прифатениот систем на стандардизација на боја во модата, графичкиот дизајн, индустријата и печатењето, ја опишува оваа боја како нијанса на „брановидна, избалансирана бела“. Иако станува збор за бела боја, таа не е целосно оптички ладна, ниту задолжително топла.

Зошто вљубениците во трендот заради прогласувањето на бојата на годината се лути?

Белата боја, сама по себе припаѓа на ахроматските вредности и технички всушност не спаѓа во спектарот на бои туку е комбинација од сите видливи бранови должини.

Токму поради тоа, изборот на бела нијанса предизвикал и дилеми, па и одредени контроверзи.

Имено, тие истакнуваат дека белата воопшто не е боја, а има и такви кои сметаат дека овој избор е пропуштена прилика да се оттргне вниманието на некои важни прашања во светот.

Сепак, „Pantone“ својот избор секогаш го темели на широките истражувања на пазарот и анализата на експертите од Институтот за боја кои се занимаваат со предвидувања на трендови и советување на брендови.

Кога станува збор за 2026 година, тие немаат дилема – „танчарот по облаци“ е нијанса која ќе ја гледаме на секој чекор.

Зошто ова е бојата на годината?

Потпретседателката на Институтот Лори Пресман, објаснува дека „Pantone 11-4201 Cloud Dancer“ ја носи тишината и јаснотијата во момент кога преголемата количина надворешни информации постојано нѐ преплавува.

„Како намерна порака, оваа нијанса овозможува да се фокусираме и привремено да се оддалечиме од факторите кои ни пречат“, истакнува таа.

Додава и дека бојата симболизира колективна желба за мир, иако се доведува до прашање тоа дали денешниот свет навистина бара смиреност и решавање на конфликтите.

Белата последен пат била избрана пред 26 години

Институтот за боја „Pantone“ долго не ја бирал белата како боја на годината. Всушност, тоа последен пат се случило во 1999 година и оттогаш постои оваа традиција на бирање бои кои ќе ја одбележат претстојната година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk