[ФОТО] Ова ретко се гледа: „Пластичната убавица“ на прошетка со сопругот и синот

Кармин

04/12/2025

13:54

515

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Линдзи Лохан беше забележана за време на семејна прошетка со сопругот Бадер Шамас и синот во Мајами.

„Пластичната убавица“, како што многумина ја нарекуваат, изненади со ова појавување, со оглед на тоа што најчесто можеме да ја видиме на црвениот килим.


Инаку Линдзи неодамна се појавила и на едно доделување награди во тесен фустан при што ја покажала својата завидна фигура, а сега прошетала во лежерно издание и се обидувала да се скрие од новинарите.


За семејната прошетка, таа избрала краток бел фустан, балетанки и очила за сонце, додека нејзиниот сопруг се решил за вистинско летно издание – бели панталони и кошула.


Каде и да се појави Лохан е секогаш во центарот на вниманието, главно поради сите пластични операции на кои се подложила за да го промени својот личен опис, но ретко се појавува со семејството и се обидува да ја задржи својата приватност за себе.


Инаку таа се омажила за Шамас во 2022 година на интимна церемонија, а веста за венчавката ја објавиле на нејзиниот роденден. Една година подоцна го добиле синот Луаи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk