Не постои некој кого нема да го полазат морници после ова видео: Децата се во опасност поради она што го прават повеќето родители

Кармин

26/11/2025

16:16

1.219

Големина на фонт

а а а

Погледнете го видеото кое покажува колку може да биде опасно објавувањето фотографии на деца на социјалните мрежи – а многу родители тоа го прават.

Многу родители објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи.

Видеото во рамките на кампањата против објавувањето фотографии на деца онлајн ќе ги натера родителите да размислат двапати пред повторно на овој начин да го изложат своето дете.

Технологијата и социјалните мрежи одамна се дел од нашето секојдневие. Не само што децата – оние малку постари, кои имаат пристап до социјалните мрежи – објавуваат свои фотографии, туку тоа го прават и родителите. Многу мајки и татковци не можат да им одолеат на објавувањето фотографии од детски родендени, играње во парк, одење на тренинг, или едноставно од првите чекори, некои смешни ситуации...

Сепак, и покрај тоа што родителите не гледаат ништо лошо во тоа да ги споделат фотографиите на своите деца со своите пријатели, факт е дека на некој начин со тоа ја нарушуваат приватноста на своите најмали. Не е исто кога албум со направени фотографии ќе го покажете на пријателите во вашиот дом и кога ќе објавите детски слики кои на интернет остануваат трајно.


За да се привлече вниманието на родителите кон тоа каков ефект всушност има „качувањето“ фотографии на децата на социјалните мрежи, е направена една кампања која сигурно ќе ве натера да се замислите.

Сè започнува така што девојче со родителите се вози на ескалатор во трговскиот центар. По ескалаторот од спротивната насока поминува човек кој гледа директно во детето и вели: „Здраво, Ева!“ Девојчето го гледа збунето, а на прашањето од мајка си дали го познава човекот, таа одмавнува со главата.

Потоа, кон нив оди жена: „Среќен роденден, Ева! Веќе осум години! Изгледа дека имаше журка со другарите!“. Детето и родителите се збунети и видливо им е непријатно, дури се и малку исплашени од тоа што се случува.

На крај се појавува и трет човек: „Гледам дека повторно одиш на фудбал секој четврток, Ева! Се надевам дека твојот татко барем еднаш ќе стигне навреме да те земе.“

Секојпат кога го споделувате нивниот живот онлајн, ризикувате да ги споделите нивните лични информации со светот. Застанете пред да објавите, вели гласот на крајот од снимката.

Оваа кампања, која всушност е предупредување за родителите, брзо стана вирална на мрежите, па останува да се надеваме дека родителите навистина ќе размислат двапати пред да објавуваат фотографии од деца на интернет, пишува „Yumama“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk