Камил Готлиб, внука на актерката Грејс Кели, често црпи инспирација од стилот на нејзината позната баба, а овој пат особено воодушеви.
Грејс Кели е запаметена како една од големите холивудски ѕвезди од златното доба, а освен што е сакана по своите улоги, таа отсекогаш била кралица на стилот.
Откако се омажила за принцот Рение III од Монако, нејзиниот стил се променил од холивудскиот гламур од 1950-тите кон нешто што зрачи со покралски стил.

Еден од нејзините омилени стилски трикови што ги користела откако станала принцеза е употребата на наметки.
Низ годините, Кели често додавала малку дополнителна ткаенина околу рамената, без разлика дали станувало збор за фустан со нежен детаљ во вид на наметка или капут со ракави како на наметка.

Нејзината внука Камиј Готлиб многу често потсетува на својата позната баба со својот стил, па така во јули оваа година имавме можност да ја видиме во црно-бел фустан од тил инспириран од култниот фустан на Едит Хед што нејзината баба го носела во филмот „Заден прозорец“, а подоцна истиот месец го прикажа гламурот на Грејс Кели покрај базенот за снимање за списанието „Венити фер“ во Франција.
Додека неодамна се појавила со остатокот од кралското семејство за Националниот ден на Монако на 19 ноември во бордо фустан со ремен од Елизабет Франки, кој го надополнила со драматична наметка.
Фустанот го искомбинирала со бордо ракавици што достигнуваа над лактите, црни очила за сонце и бордо чевли со и панделка.
„Кога бев мала, често ми велеа дека личам на баба ми. За мене, ова е еден од најголемите комплименти“, напиша еднаш Готлиб на Инстаграм.