Рецепт за најмоќното „оружје“ за јакнење на имунитетот – доволно е да консумирате по една чаша дневно

Кармин

21/11/2025

15:24

441

Големина на фонт

а а а

Сокот од тиква е богат со антиоксиданти кои имаат клучна улога во намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и мозочни удари.

Содржењето пектин и фитостерол во овој напиток придонесува во намалување на високиот крвен притисок и поволни ефекти на нивото на лошиот холестерол.

Состојки:

- 1,5 килограми исчистена тиква;
- 3,5 литри вода;
- 1 килограм кафеав шеќер;
- сок од 5 лимони;
- цимет;
- мелен ѓумбир.


Подготовка:

Исчистете ја тиквата и исечете ја на парчиња. Во водата додадете го шеќерот, исечканата тиква и варете додека тиквата не омекне.

Кога ќе омекне доволно, испасирајте ја тиквата, а потоа во неа додадете го сокот од лимон, циметот и ѓумбирот.

Доколку сакате да добиете погуст сок, во течноста додадете испасирана тиква (количина по желба).

Ставете ја течноста во стерилно, стаклено шише, оставете да се излади, а потоа ставете го во фрижидер. Потрошете го во рок од седум дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk