[ФОТО] Кога најдобро облечената Србинка стапнала во Доха, сè „запрело“. Невообичаеното издание на Тамара Калиниќ во шампањ боја

Кармин

26/11/2025

09:48

915

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд во Музејот на исламска уметност во Доха се одржала гала вечер во рамки на „Fashion Trust Arabia“ – настан осмислен да ја истакне работата на дизајнерите од Блискиот исток.

На гламурозната гала вечер, одржана под покровителство на Ана Винтур, Франческо Кароцини и шеика Ал Мајаса бинт Хамад Ал-Тани, се појавиле бројни познати личности од светот на модата, филмот и бјути индустријата, а меѓу нив била и јорданската кралица Ранија.

Меѓутоа една од најистакнатите гостинки била и српската инфлуенсерка Тамара Калиниќ.


„Ви благодарам што ме повикавте на толку важна вечер“ напиша Тамара на Инстаграм која на овој настан се појавила со свршениот Филипо Теста.


За оваа посебна пригода Тамара одбрала креација од брендот „Yasmin Mansour“, кој ги комбинира скулптуралните силуети со експериментирање со материјали, како и поврзување со футуризмот со посветеност кон одржливата мода.



Фустанот во шампањ боја, со необичен крој во кој се појавила Тамара, од половината надолу бил вистинско скулптурално дело, а таа го искомбинирала со златни сандали со ремени.


Калиниќ носела и ефектен ѓердан со медалјон, додека фризурата и шминката биле едноставни нагласувајќи ги цртите на нејзиното лице.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk