Фитнес инструкторката Евгенија Колев веќе некое време живее и работи во Дубаи, заедно со сопругот и нивните два сина.
Таа постепено ја гради својата професионална приказна, а преку својот профил на Инстаграм инспирира голем број жени да се посветат на здрави навики и активен живот.
Таа на Инстаграм јасно ја истакнува својата мисија - да им помогне на жените да го намалат вишокот килограми, да го зајакнат и обликуваат своето тело и да закрепнат по породување.
Дополнително, таа ја промовира идејата за напуштање на рестриктивните „јо-јо“ диети и поттикнува кон вистинска, разновидна и здрава исхрана. Истакнува гордост што е мајка на две деца и професионален тренер, а потенцира и дека нуди бесплатни консултации за сите кои сакаат да започнат со промени.
На Инстаграм најчесто објавува фотографии и видеа од нејзиниот живот во Дубаи - тренинзи на отворено, моменти со семејството, како и куси совети за правилно вежбање.
Нејзините објави често содржат практични насоки, мотивација и конкретни препораки за жени кои сакаат да ја подобрат својата форма, да ја подигнат самодовербата или да се вратат во ритам по породување.
Со професионален и искрен пристап, Евгенија успева да изгради силна заедница на жени што бараат поддршка, реални насоки и здрав пристап кон слабеење и фитнес.
Преку својот труд, таа станува пример за успешна македонска приказна во странство - жена која балансира меѓу семејството, работата и личниот раст, и која од Дубаи успева да мотивира жени од целиот свет.
Автор: Ц.Н.