[ФОТО] Никој не би ја носел оваа јакна на ваков начин – освен Меланија: Првата дама на САД како да излегла од 90-тите

Кармин

26/11/2025

16:05

657

Големина на фонт

а а а

Со целосно елегантниот стајлинг во нејзин препознатлив стил, првата дама на САД носела лежерно парче облека кое вообичаено го гледаме искомбинирано со фармерки и изгледа спектакуларно.

Белата куќа деновиве има многу работа, но претседателот на Америка, Доналд Трамп пристигнал и на традиционалното помилување на мисирката по повод претстојниот Ден на благодарноста.


Друштво му правела сопругата Меланија Трамп, а таа годинава оставила одличен впечаток со својот стил.

Првата дама на САД одлучила да го „зачини“ својот вообичаен елегантен стил на малку неочекуван начин, а резултатот е феноменален.

Таа со „пенсил“ здолништето и салонките на висока потпетица, носела „бомбер“ јакна каква што инаку гледаме во лежерните модни изданија.

Со кафеавото здолниште од брендот „Ralph Lauren“ госпоѓа Трамп носела потемна нијанса на јакна од данската дизајнерка Анин Бинг чија цена изнесува 400 долари. Станува збор за класичен модел во „military“ стил, со опуштен крој, со џебови на преклоп и златен патент.


Ваквите јакни вообичаено ги гледаме во комбинација со „skinny“ фармерки и хеланки, но Меланија демонстрирала дека истите можат да се искористат во комбинација со елегантни варијанти. За дополнителен ефект првата дама на САД носела и темносина ролка, па благодарение на различните нијанси на таа боја која совршено се вклопува, постигнала ефект на динамичен изглед.


Ви се допаѓа ли модната комбинација на Меланија Трамп?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk