Џејми Ли Кертис (67) отворено говорела за блискиот однос којшто го изградила со својата колешка Ема Меки додека ја снимале семејната драма „Ella McCay“ чија премиера е закажана за декември.
Актерката се појавила на црвениот тепих во Лондон во бел фустан којшто ја следел линијата на нејзиното тело, со црни хулахопки и црни чевли, а со Ема имале повеќе нежни интеракции, се држеле за раце и се прегрнувале пред фотографите.
Џејми Ли за „HELLO!“ открила дека нивното пријателство влијаело на нејзиниот лик во филмот:
„Ема е прекрасна личност и кога ја запознав првиот ден кај Џимс едноставно се вљубив во неа. Мојата работа во филмот е да бидам нејзин најголем заштитник, а за некого да заштитите мора да го сакате, а јас веднаш ја засакав“.
Ема возвратила на комплиментите:
„Веднаш „кликнавме“. Џејми е прекрасна, топла и великодушна личност и сите покрај неа се чувствуваат пријатно. Пријатно е да бидете покрај неа, а нејзината љубов кон работата дава чувство на поддршка кога е потребна“.
Актерката додала и дека Џек Лоуден којшто го толкува автентичниот лик во филмот, во реалноста е целосно поразличен:
„Тој е згоден и драг иако толкува лик којшто е вистинска гнида“, се пошегувала Џејми Ли.
Во филмот Џејми Ли ја толкува тетка Хелен, поддржувајќи и давајќи ѝ заштитничка фигура која ѝ помага на Ема да се соочи со семејните проблеми.
Ема Меки во Лондон заблескала во сако-фустан со златно асиметрично здолниште. Изгледала многу среќно и самоуверено додека позирала пред фотографите.
Џејми Ли Кертис е позната по тоа што ги чува помладите колешки, вклучувајќи ја и Линдзи Лохан со која глумела заедно во филм.
„Линдзи имаше 15 години кога го снимавме првиот филм и останавме во контакт во текот на целиот живот. Важно е, особено во случај на младите актери, да им покажете дека врската е реална“, изјавила актерката додавајќи дека се поврзале низ искуството на мајчинството.
Џејми Ли е мајка на Ани (38) и Руби (29), додека пак Линдзи Лохан во јули 2023 година го родила синот Луаи.