[ВИДЕО] Што да направите доколку ве сопре полиција? Адвокат споделил 7 клучни совети

Точка

26/11/2025

10:46

2.410

Големина на фонт

а а а

Еден адвокат споделил седум едноставни правила кои можат да ви ги намалат шансите да завршите во затвор ако полицијата ве запре во сообраќај. Иако за повеќето возачи запирањето од страна на полицијата е ретко и стресно искуство, важно е да знаете како да се однесувате за да избегнете дополнителни проблеми.

Адвокат од Обединетото Кралство, познат на ТикТок како @tiktokstreetlawyer, нуди многу совети за ситуации во кои луѓето се соочуваат со полициско испрашување. Анксиозноста и стравот во такви моменти можат да ве наведат да кажете нешто за што подоцна ќе зажалите. Иако можеби се сметате за совесен возач, има толку многу сообраќајни правила што е лесно да се погреши, па добро е да бидете подготвени.


За среќа, овој ТикТок адвокат составил список од седум универзални правила кии треба да ги почитувате, а нивното следење може да значи разлика меѓу обична казна и посериозни последици.

1. Не зборувајте премногу

Ако под стрес сте склони кон постојано зборување, обидете се да се воздржите. Последно што сакате е да кажете нешто инкриминирачко. Адвокатот советува да останете тивки ако немате што паметно да кажете за вашите постапки и едноставно да одговорите: „Без коментар.“.

2. Дишете и зборувајте бавно

Без разлика колку сте загрижени, полицаецот веројатно нема веднаш да ве уапси, освен ако не сте направиле нешто навистина сериозно. Избегнувајте забрзано дишење и зборување за да не оставите впечаток дека сте под дејство на дрога или алкохол.

3. Останете мирни и на место


Обидот за бегство е најлошата можна идеја, бидејќи само ќе изгледате повиновни, а можете да се соочите и со обвинение за спротивставување при апсење. Мирно седете во вашиот автомобил додека разговарате со полицаецот.

4. Бидете сериозни

Иако можеби во сè гледате шанса за шега, ова не е момент за тоа. Полицијата веројатно нема да го цени вашиот хумор. Затоа, ако полицаецот ви каже дека мора да направите тест за дрога, немојте да го прашувате на кои дроги ќе ве тестираат.

5. Без лутина и пцовки

Наглата реакција нема да ви помогне, без оглед на тоа дали сметате дека запирањето е неоправдано. Најбрзиот начин да ја решите ситуацијата е да покажете почит и да останете смирени. Во спротивно, предупредува адвокатот, може да бидете уапсени за нарушување на јавниот ред и мир.

6. Не влегувајте во расправа


Расправањето со полицаец на улица најверојатно ќе ви донесе само повеќе проблеми. Ако не се согласувате со нивната одлука или казната која ви ја изрекуваат, секогаш можете да поднесете жалба подоцна. Ова не е ни време ни место за расправа. Наместо тоа, поднесете претставка во надлежната полициска станица откако сè ќе заврши.

7. Знајте ги вашите права

Ако не сте сигурни во вашите права, најдобро е да кажете „без коментар“ и да го почекате доаѓањето на адвокатот во станицата. Адвокатот предлага да поставувате прашања како: „Дали сум слободен да си заминам?“ и „Врз основа на кој закон ме задржувате?“.