Еден маж од Виена мора да плати околу 13.000 евра судски трошоци и да почитува строго ограничениот распоред за пушење на својата тераса откако сосетката го тужела за чад и бучава.
Конфликтот меѓу станарите трае со месеци – Даниел (42), татко на две деца, пушел цигари на терасата по работа, што ја вознемирувала сосетката од станот погоре, пишува Heute.at.
Според него, сосетката побарала да пуши во станот, но тој го одбил тоа.
И покрај фактот дека во текот на истрагата не е утврдено вознемирување, судот во виенската населба Флоридсдорф пресудил во корист на жената, а на Даниел му бил даден прецизно дефиниран временски период во кој му е дозволено да пуши.

Од април до октомври, дозволено му е да пуши само во следните термини: 6 до 8 часот, од 10 до 12 часот, од 15 до 18 часот и од 20 до 22 часот.
Од ноември до април, тој ќе смее да пуши од 8 до 9 часот, од 13 до 14 часот и од 19 до 20 часот.
Во сите други периоди, пушењето е забрането, дури и на терасата.




