Објавата на социјалната мрежа Фејсбук за цените во еден ресторан во Албанија предизвикала лавина коментари меѓу корисниците од целиот регион.
Сѐ започнало кога еден корисник споделил сметка од ресторан во Скадар, на која се наоѓа специјален сендвич, две кафиња и две шишиња вода.
Вкупната цена на овој едноставен оброк изнесувала 480 албански леки, што е околу 4,77 евра.
Сендвичот чинел 180 леки, односно околу 1,86 евра, две еспреса 160 леки, околу 1,66 евра, додека пак двете шишиња вода од 0,5 литри чинеле 120 леки, односно околу 1,24 евра.
Nemaju komšije kud u Evropu sa ovakvim cijenama.
Posted by Danijel Garić on Sunday, November 9, 2025
„Соседите немаат каде да одат во Европа со вакви цени“, напишал некој Црногорец покрај фотографијата од сметката.
Многу од луѓето веднаш почнале да коментираат колку цените се попристапни во однос на рестораните во Хрватска, Црна Гора и други земји од регионот, истакнувајќи ја разликата во стандардот и трошоците за живот.
„Во Хрватска за овие пари можеш да се напиеш само кафе“, напишал некој корисник.
„На Златибор за овие пари добиваш само половина сендвич“, додал друг корисник, додека пак трет истакнал дека сличен ручек на црногорското крајбрежје би чинел барем 15 евра.






