[ВИДЕО] Забава која се претворила во пекол: По ноќно излегување открила дека должи 50 милијарди долари – „Што да правам?“

Точка

26/11/2025

13:16

5.111

Големина на фонт

а а а

Еден обичен ноќен провод се претворил во ноќна мора за Меди Мекгиверн, која по враќањето дома на својата банкарска сметка видела долг од неверојатни 50 милијарди долари. Целиот момент на шок го снимил нејзиниот пријател Гејб Флорес и го споделил на ТикТок, а видеото за кратко време станало вирално.

Иако на сметката имала нешто повеќе од 76 долари, тој износ бил само капка во морето во споредба со астрономскиот минус. „Што да правам?“, се прашувала — сосема разбирливо кога ќе откриете дека должите сума еднаква на БДП на помала држава.

Во паника ја повикала својата банка, каде што и вработените биле еднакво збунети. Дополнителна конфузија предизвикала и информацијата на нејзината сметка дека до 2099 година би требало да ѝ бидат исплатени 50 милијарди долари, што ја натерало Меди да се запраша дали воопшто ќе биде жива за да ја подигне таа сума на пари.

Техничка грешка на банката

Откако вработениот од банката ја замолил да остане на линија, мистеријата конечно била разрешена. Од банката подоцна во соопштение објасниле дека „за време на викендот дошло до техничка грешка“ поради која на сметките на помал број клиенти биле прикажани неточни износи. Проблемот во меѓувреме бил коригиран, па Меди конечно можела да здивне.


Слични случаи не се реткост

Случајот на Меди е потсетник дека драстичните промени на банкарските сметки најчесто се случуваат поради грешки и дека со ваква неочекувана сума на пари треба да се постапува со голема претпазливост.

Така, еден маж на две минути станал најбогатиот човек на светот откако на неговиот профил на „PayPal“ по грешка му било прикажано салдо од 70 квадрилиони фунти. Грешката брзо била исправена, а неговите финансиски соништа се распрснале за миг.

Но, не завршуваат сите приказни исто. Работник во Чиле, кому по грешка му била исплатена месечна плата 330 пати поголема од нормалната — еквивалент од 127.000 фунти — решил да ги задржи парите. Иако ветил дека ќе ги врати средствата, три дена подоцна дал отказ. По тригодишна правна борба, судот пресудил во негова корист, заклучувајќи дека не може да биде кривично гонет за задржување на парите.