[ВИДЕО] „Без навреда за мојата покојна сопруга...“: Во Њујорк осамна плакар со изјава на вдовец, кој згрози милион жени

Точка

26/11/2025

17:07

743

Големина на фонт

а а а

Изјава поставена на огромен плакат во њујоршката „Grand Central Terminal“ предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а милиони жени останале згрозени од зборовите на еден вдовец. Контроверзниот цитат е дел од големата инсталација на познатиот фотографски проект „Humans of New York“, кој привремено ги заменил комерцијалните реклами со портрети и приказни на обични Њујорчани.

Проектот „Humans of New York“ (HONY), кој во 2010 година го започнал фотографот Брендон Стентон, е глобален феномен познат по интимните и емотивни приказни собрани од странци на улиците. Инсталацијата наречена „Драг Њујорк“ е опишана како една од најголемите визуелни трансформации во историјата на славниот терминал, но еден детаљ го украл целото внимание.

„Без навреда за мојата покојна сопруга, но ова е љубовта на мојот живот“

Тиктокерката @alexajuanitajordan споделила видео од веќе злогласниот цитат, а нејзината објава за кратко време собрала речиси осум милиони прегледи и покренала жестока расправа.

На паното пишувало: „Се запознавме пред шест недели. И без да ја навредам мојата покојна сопруга, но ова е љубовта на мојот живот.“


„Правда за жената број еден“

Реакциите во коментарите биле речиси едногласни – жените изразиле бес и разочарување. Многу од нив истакнале дека изјавата претставува крајно непочитување кон починатата сопруга. „Правда за жената број еден“ е еден од коментарите кој најдобро го сумирал мислењето на мнозинството.

Корисниците се прашувале зошто мажот не можел да ја изрази својата нова љубов без да ја омаловажи претходната. „Има толку други работи што можел да ги каже“, напишала една корисничка. Други пак се свртеле кон новата партнерка, прашувајќи се како таквата споредба воопшто може да ѝ биде романтична.

На крајот, многумина го поставиле прашањето зошто токму овој цитат бил избран за изложување на толку истакнато место, поттикнувајќи расправа за уредничките одлуки зад проектот.

Што мислите вие за оваа изјава?