Има IQ 263, велеа дека е попаметен од Алберт Ајнштајн: Најпаметното дете на светот престана да се занимава со наука, еве што прави денес

Точка

24/11/2025

21:32

1.591

Големина на фонт

а а а

Имал помалку од еден месец кога го изговорил првиот збор, проодел на 6-месечна возраст, а за првиот роденден ги израдувал неговите мајка и татко со првата сложена реченица. Неговите родители биле запрепастени од астрономски брзиот развој на нивниот најстар син.

Приказната за Ајнан Селест Коли и понатаму го фасцинира светот речиси две децении откако се појави во медиумите како едно од најгенијалните деца на планетата.

Малиот гениј, како што медиумите го нарекоа, е роден на 23 ноември 1999 година во Сингапур, родното место на неговата мајка — по татко има ирско потекло. Од најрана возраст го привлекувал вниманието поради извонредно брзиот развој и способности кои далеку ги надминуваа рамките за неговата возраст. Во медиумите често беше претставуван како „момчето попаметно од Алберт Ајнштајн“, бидејќи неговиот коефициент на интелигенција (IQ) наводно изнесува неверојатни 263! За споредба, просекот е меѓу 85 и 115, а Ајнштајн имал IQ од околу 160.

Напредокот на Ајнан бил толку впечатлив што многумина го опишуваа како „чудо од дете“. Веќе на шест години одржал свое прво јавно предавање по хемија пред возрасни, настан што го привлече вниманието на сингапурските медиуми и експерти. Само една година подоцна, на седум години и еден месец, го положил GCSE/O-level испитот по хемија, станувајќи еден од најмладите кандидати во историјата со такво достигнување.

Неговиот пат не застанал тука. На само осум години се запишал на студии по хемија на „Singapore Polytechnic“, со што уште еднаш се потврдило дека Ајнан е едно од најнапредните деца на своето време. Во ист период демонстрирал исклучителна меморија — знаел повеќе од 500 децимали на бројот пи и го владеел целиот периоден систем.


Родителите сакале да го школуваат дома, но тоа тогаш не било возможно. Затоа семејството во 2010 година се преселило во Куала Лумпур за Ајнан да може да посетува настава на Универзитетот Тејлор.

Свртување кон уметноста

Како што растел, Ајнан постепено се повлекувал од јавната научна сцена и сè повеќе се насочувал кон уметноста. Се занимавал со музика и филм — компонирал музика за краток филм, режирал сопствено дело „The Sempiternal“, а неговите проекти учествувале и на меѓународни фестивали. Денес, Ајнан и понатаму е активен во креативни полиња, вклучувајќи ја и музиката.

Иако често се наведува дека поседува екстремно висок коефициент на интелигенција, ниеден јавно достапен документ не го потврдува тоа како резултат на официјално, стандардизирано тестирање. Неговиот интелектуален потенцијал е несомнено исклучителен и добро документиран, но точниот број останува во доменот на популарните листи.

Родителите отпочнале блог

Родителите на Ајнан отпочнале блог за да ги бележат неверојатните успеси на својот најстар син. Називот е симболичен: „Момчето што знаеше премногу“.

Иако неговиот живот веќе не е тема на секојдневно медиумско внимание, фасцинацијата околу Ајнан Селест Коли и понатаму живее. Тој останува симбол на прашањето што светот го поставува со векови: Што се случува со генијалните деца кога ќе пораснат?

Некои остануваат во науката, некои се повлекуваат од јавноста, а некои го насочуваат својот талент во сосема различни области. Во овој случај, патот надвор од научните лаборатории продолжува, но неговата приказна и раните достигнувања остануваат единствено сведоштво за границите на човечкиот потенцијал.