[ФОТО] Сите ја споделуваат мапата на која е прикажана најпознатата личност од секоја европска земја: На неа се дури двајца Македонци – погодувате ли кои?

Точка

25/11/2025

13:54

3.117

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи повторно ја „разгореа“ расправата за тоа кој е „најпознатата личност“ на секоја европска држава – и додека многумина дебатираат околу селекцијата на своите соседи, за Македонија дилеми нема.

На социјалните мрежи во овие денови кружи мапа на Европа на која за секоја држава е означена личноста со која светот најчесто ја поврзува. Идејата е едноставна: кога ќе помислите на Германија, Италија или Австрија – кого прво го гледате? Обично тоа е некој кој оставил силен печат во историјата, културата или општеството. Тоа може да биде политичар кој ја обликувал епохата, спортист кој ги поместил границите или уметник чии дела го збогатиле светското наследство.

На таа необична мапа Италија „ја претставува“ Леонардо да Винчи, Шпанија Кристофер Колумбо, а Португалија Кристијано Роналдо. Некои земји се поврзуваат со пооспорни личности – Германија ја следи Адолф Хитлер, Украина Володимир Зеленски, а Русија Владимир Путин.

Most Famous Person in European Countries!
byu/Redstream28 inMapPorn

Кога станува збор за Македонија, изборот – очекувано, паднал на Александар Македонски и Мајка Тереза.

Александар Македонски бил голем војсководец и крал на Македонија во 4 век п.н.е., познат по тоа што создал едно од најголемите царства во историјата, од Грција до Индија.

Мајка Тереза била католичка мисионерка од Македонија (родена во Скопје), позната по својата добротворна работа со сиромашните и болните во Индија, за што добила и Нобелова награда за мир.

Никола Тесла е изборот на Србија, Лука Модриќ – Хрватска, Петар Петровиќ – Његош Црна Гора...

Како ви се допаѓа овој избор?