Кевин Федерлајн конечно проговори за бурниот брак со Бритни Спирс, откривајќи го моментот кога сфатил дека нивната врска нема враќање назад.
„Бев во Мајами поради работа, обидувајќи се да останам фокусиран, кога добив повик“, пишува Кевин Федерлајн во својата нова автобиографија „Мислеше дека знаеш“ (You Thought You Knew).
„Беше таа, заедно со Парис Хилтон и Линдзи Лoхан, пијани до бессознание, молејќи ме да дојдам на журка. Во позадина слушав како Престон и Џејден плачат. Беше три или четири часот наутро. Тоа беше моментот кога знаев дека е крај.“

Во тоа време, ноември 2006 година, Бритни Спирс веќе поднела барање за развод. Федерлајн вели дека тој телефонски повик бил „последната капка“.
„Веќе гледав слики во таблоидите како ноќе се забавува со нив во Малибу. Но, да ги слушам сопствените деца како плачат додека нивната мајка се забавува… тоа ме скрши.“
Федерлајн тврди дека подоцна неговите деца му раскажале застрашувачки детали од животот со мајка им. „Се буделе среде ноќ и ја гледале како стои на вратата од нивната соба, молчи и ги гледа, држејќи нож во раката. Потоа ќе се свртела и ќе заминела, без збор. Застрашувачки.“
Наводно, според неговите зборови, Бритни физички им се заканувала на синовите, удрила еден од нив и му заканувала со нож.

.„Кога беа бебиња, таа инсистираше да ги дои иако пиеше и користеше кокаин.“
Бритни Спирс и Кевин Федерлајн беа во брак од 2004 до 2007 година. По бурниот развод, судот му додели целосно старателство на Федерлајн над синовите.
Иако јавноста години наназад го критикуваше системот на старателство под кој Бритни беше од 2008 до 2021 година, Федерлајн тврди дека тој период бил „единствениот момент на стабилност“ во нејзиниот живот.
„Тоа беше тежок аранжман за сите, но ѝ донесе мир. Луѓето од движењето ‘Ослободете ја Бритни’ сè погрешно го сфатија и демонизираа секого кој се обидуваше да ѝ помогне“, пишува Кевин.
Според него, укинувањето на старателството го отвори патот кон „историја која се повторува“:

„Сега повеќе никој не може да ѝ пристапи. Сè се повторува, и се плашам дека сè се приближува кон нешто неповратно.“
Федерлајн се сеќава на бројните инциденти кои, како што тврди, оставиле длабоки трауми кај синовите.
„Престон ми кажа дека мајка му наредувала да се бања со неа кога имал единаесет години. Очигледно беше вознемирен, и морав да реагирам.“
Другпат, вели тој, двајцата се вратиле дома со избелена коса и изгореници од хемикалии.
„Џејден имаше тешка алергија на коњи, а таа упорно го водеше на јавање.“
Федерлајн се потсетува и на познатиот инцидент од 2008 година, кога полицијата морала да ги скрши вратите на куќата на Бритни затоа што таа се заклучила во бањата со синот.

„Мораа да ѝ го одземат детето од раце. Ја носеа на носилки, врзана. Тоа повеќе не беше жената во која се вљубив.“
Кевин тврди дека Бритни никогаш не ја прифатила вистината дека има ментални проблеми.
„Сè гледа низ призма на жртва, дека е неразбрана, дека сите се против неа. Тоа е коренот на сè што тргна наопаку.“
Според пишувањата на „Дејли мејл“, пејачката неодамна е забележана во ресторан во Калифорнија како во пијана состојба држи чудна здравица пред гостите, а потоа вози автомобил во хаотично возење полно со свиоци и преминувања во спротивна лента.
„Ако нешто наскоро не се промени, се плашам дека синовите еден ден ќе останат да собираат парчиња.“

Федерлајн го опишува и почетокот на нивната врска — ноќта во хотел во Беверли Хилс кога Бритни првпат го бакнала и „почнала да му ја соблекува облеката“.
Набргу потоа ја следел на европската турнеја, иако тогашната неговата свршеница, Шериз Џексон, била бремена со неговото дете.
„Бритни ме заведе и ја уништи мојата тогашна фамилија, но и самата себе.“
Запросувањето следело само три месеци подоцна, а бракот по пет. Ноќта пред венчавката, ја затекнал како разговара со поранешниот дечко, Џастин Тимберлејк.

„Рече дека мора да затвори едно поглавје пред да отвори ново. Но, дури и по венчавката, знаев дека дел од нејзиното срце сè уште му припаѓа на него.“
Бритни по објавувањето на книгата реагирала бурно. На мрежата „X“ напишала:
„Ако навистина сакаш некого, не го понижуваш јавно. Луѓето немаат поим колку сè беше сериозно, полошо отколку што некој може да замисли.“
Таа го обвини поранешниот сопруг за „континуиран гаслајтинг“ и нагласи дека книгата ја објавува дури откако престанала да плаќа алиментација.
Бритни тврди дека со еден од синовите не поминала повеќе од 45 минути во последните пет години, но негира дека била „насилна мајка“.