Викендот носи блага, но моќна енергија – спој на разум, интуиција и емоции, а за три знаци вистинска магија е на повидок.
Викендов, на 25-ти и 26-ти октомври, носи идеален баланс меѓу акција и одмор. Саботата е резервирана за истрајност, самодоверба и конкретни резултати, додека неделата е совршена за мир, интроспекција и духовен одмор.
Сабота, 25 октомври – ќе биде ден кога целиот труд што досега сте го вложувале конечно ќе се претвори во видливи, квалитетни резултати.
Дури и ако се обидете да го исклучите умот од работа, енергијата на денот ќе ве „влече“ да ги завршите започнатите обврски или да направите планови за понатамошен напредок. Сепак, не го занемарувајте приватниот живот – токму сега е вистинскиот момент да внесете убави промени во односот со партнерот или семејството.

Недела, 26 октомври – носи време за духовен раст и внатрешен мир.
Избегнувајте расправии и конфликти – најголемиот дел од луѓето ќе бидат добро расположени. Интуицијата ќе ви биде особено засилена, па одговорите на важни дилеми ќе ги пронајдете без многу размислување – едноставно „од стомак“.
Еве кои хороскопски знаци ќе имаат најмногу причини за насмевка овој викенд:
Раковите, особено оние што се сами, конечно би можеле да го завршат периодот на осаменост. Многу е можно токму за време на посета кај роднини да запознаат личност што ќе ги освои целосно – не само со изглед, туку и со духовна поврзаност.
Заеднички интереси, сличен поглед на светот и искрена енергија би можеле да бидат почеток на една долготрајна врска.
Вагите кои овие денови го слават роденденот ќе добијат подарок од соништата – можеби не скап, но совршено погоден.
Ѕвездите порачуваат да обрнат внимание на личноста што ќе им го подари – таа ве „чита“ подобро отколку што мислите.
Комуникацијата со таа личност може да прерасне во нешто многу убаво и посебно.

Рибите овој викенд ќе добиваат јасни сигнали од Универзумот. Ако барате одговор на некое важно прашање – послушајте ја својата интуиција и обрнете внимание на симболичните пораки околу вас.
Вашата потсвест знае повеќе отколку што мислите. Ако им верувате на тие знаци, би можеле да го „погодите џекпотот“ – во љубовта, работата или во нешто што ви е најблиску до срцето.