Некогашната тенисерка ретко пласира информации од приватниот живот во јавноста, а фотографиите од нејзините деца речиси и да не постојат на социјалните мрежи. Сепак, сега не одолеала да покаже како изгледаат слатките деца во костимите.
Некогашната тенисерка Ана Курникова и латино ѕвездата Енрике Иглесијас, го очекуваат четвртото дете. Оваа информација пристигна од медиумите без потврда, Ана Курникова сподели ретка семејна фотографија на Инстаграм, откривајќи дека го очекуваат четвртото дете.
На фотографијата објавена на 18 октомври, 44-годишната Ана позирала со трите деца и сите биле во костими за Ноќта на вештерките.
Како што претходно изјавил извор за „People“, парот е пресреќен што нивното семејство ќе се прошири.
„Ана и Енрике се прекрасни родители. Уживаат во секој момент од родителството, од заеднички активности до секојдневни ситници кои го прават семејниот живот посебен“, изјавил изворот.
Енрике којшто има 50 години во последно време го намалил бројот на настапи за повеќе време да поминува дома со семејството.
„Ги обожува своите фанови, но денес семејството му е на прво место. Не сака да го пропушти растењето на неговите деца“, додал изворот.
Да ве потсетиме, Курникова и Иглесијас близнаците Луси и Никол ги добија во декември 2017 година, а ќерката Мери во јануари 2020 година. Нивната љубовна приказна започнала во 2001 година на снимањето на спотот за песната „Escape“ каде веднаш почувствувале страст.

Од тогаш се неразделни, иако ретко зборуваат за приватниот живот.
Во интервју за „People“ минатата година, Енрике признал дека тој спот му го сменил животот.
„Тогаш не можев ни да замислам дека ќе ја запознаам жената на својот живот“, изјавил пејачот.
Додал дека нивните деца се негова најголема инспирација:
„Кога ќе ги земам од училиште, а некој имал лош ден, само ги прашувам: Која ви е омилена песна? А, потоа почнуваат да ја пеат „I Like It“. Тоа е најслатката сцена која можам да ја замислам“.