Популарната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан неодамна гостувала во емисијата „The Graham Norton“, каде што ја промовирала својата нова драма „All’s Fair“.
Во таа прилика, таа зборувала и за својот приватен живот и открила дека за две недели ќе стане квалификувана адвокатка.
„За две недели ќе станам адвокатка. Се надевам дека ќе се занимавам со адвокатура“, изјавила таа. „Можеби за 10 години, мислам дека ќе се откажам од тоа да бидам Ким К. и ќе станам адвокатка. Тоа е она што навистина го сакам“, додала Ким.

Патот до адвокатската лиценца е нетипичен. Наместо традиционалното посетување на правен факултет, од 2018 година, Ким се образува преку Програмата за приправништво во адвокатска канцеларија, што е алтернативен пат достапен во Калифорнија.
Во 2021 година, таа објави дека го положила таканаречениот „бејби бар“ испит, што е предуслов за полагање на правосуден испит во Калифорнија, откако претходно три пати паднала на истиот.
Ким успешно ја завршила правната програма во мај оваа година.