[ФОТО] Дуа Липа во најпроѕирното издание досега: „Само слој од светки“

Кармин

13/10/2025

21:30

916

Големина на фонт

а а а

Трендот на проѕирни модни комбинации е во полн ек, а пејачката Дуа Липа ги обожава.

Нејзиниот последен моден избор воедно е и еден од нејзините најсмели досега, а фотографиите ги сподели со своите следбеници на Инстаграм, пренесе „InStyle“.

На новите фотографии, Липа позирала во проѕирен бел фустан со врвка околу вратот, кој бил целосно покриен со светки. Додека длабокото деколте беше непроѕирно, остатокот од фустанот ја откри белата долна облека што ја носела пејачката.


Оваа модна комбинација Липа ја комплетирала со висечки светкави обетки, низа дијамантски прстени и високи металик сребрени потпетици.


„Максимално ја искористив секоја минута“, напиша таа кратко во описот на објавата на Инстаграм.

Кралица на проѕирните комбинации

Во последните месеци, Липа повеќепати се појави во проѕирни смели комбинации. Претходно оваа недела, таа позирала на пијано во златно-сребрен фустан кој не остави многу простор за имагинацијата.


Додека за прославата на нејзиниот 30-ти роденден претходно оваа година, нејзиниот фустан не беше ништо повеќе од слој од проѕирна бордо тантела.


За време на летниот одмор, пејачката позирала во бикини во комбинација со проѕирно здолниште од тантела, како и во проѕирен црн фустан со тантела. Во април, таа носела впечатлив фустан од Скјапарели со змиски дезен на 50-тата гала на „Chaplin Award“.


Свадбени призвуци и среќни вести

Најновото проѕирно парче облека на Липа има изразито свадбен призвук, а блескавите детали совршено се совпаднале со нејзиниот масивен дијамантски свршенички прстен. Пејачката ја објави својата свршувачка со Калум Тарнер претходно оваа година по повеќе месечни шпекулации на обожавателите.


„Да, се свршивме“, потврдила Липа за британскиот Вог. „Многу е возбудливо“. Потоа го пофалила Калум поради неговиот избор на прстен. „Опседната сум со него“, рекла таа. „Тоа сум само јас. Убаво е да знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од животот те познава навистина добро“, додала пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk