Дакота Џонсон повторно ги привлече сите погледи со својот смел моден избор, појавувајќи се на Филмскиот фестивал во Цирих во уште една проѕирна чипкана креација без градник.
Ѕвездата на филмот „Педесет нијанси сиво“ во четвртокот прошетала по црвениот тепих во елегантен фустан во индиго сина боја. Креацијата се истакнувала со проѕирен чипкан горен дел и лажна јака, додека долниот дел го чинела волуменозна сукња од тул.
Целокупниот впечаток Дакота Џонсон го заокружила со два впечатливи прстени, додека косата ѝ била стилизирана во благи бранови, придружена со дискретна, неутрална шминка.
Освен што привлекла внимание со својот моден избор, 35-годишната актерка имала и посебна причина за славење – за време на вечерта ѝ била врачена престижната награда „Златно око“ за животно дело, со што фестивалот ѝ оддал признание за досегашната нејзина кариера.
Се чини дека актерката е голем љубител на проѕирните материјали, бидејќи ова е само едно од многуте нејзини слични модни изданија.
Почетоков на месецов, на вечерата на „Kering Foundation“ во Њујорк, таа носела целосно проѕирен црн чипкан фустан со потпис на модната куќа „Gucci“.
Во неодамнешно интервју за „Vogue“, Дакота Џонсон открила дека модата отсекогаш била лична работа за неа, присетувајќи се како како девојче ги облекувала свечените фустани на нејзината мајка, актерката Мелани Грифит.
„Модата, всушност, отсекогаш била лична за мене“, изјавила таа.
Кога избира креации за црвениот тепих, се води по едно едноставно правило:
„Претпоставувам дека она што ме тера да ја изберам одредена тоалета е тоа што морам да се чувствувам добро во неа“, заклучила Џонсон.