[ФОТО] Новата Брижит Бардо е родена? Толку елегантна, толку сексапилна...

Кармин

25/09/2025

20:21

712

Големина на фонт

а а а

Сабрина Карпентер ја краси насловната страница на октомвриското издание на „Vogue“, а нејзиниот стајлинг и појава неодоливо потсетуваат на шармот на француската дива Брижит Бардо.

Пејачката Сабрина Карпентер е вистинска сензација веќе некое време. Откако нејзината песна „Espresso“ стана летен хит, релативно брзо следеше и „Manchild“, дополнително зголемувајќи ја нејзината популарност.


Сабрина стекна планетарна популарност, а не е тајна и дека и модните „волшебници“ ја обожуваат. Благодарение на нејзината неодолива градба и глас, таа се најде на насловната страница на октомвриското издание на „Vogue“. Целиот моден едиторијал зрачи со ретро сензуалност, а нејзиниот стил доста потсетува на оној што некогаш го носеше француската дива Брижит Бардо.


Како што може да се забележи, Сабрина носела краток џемпер со потпис на Прада за ова специјално издание, а нејзиниот стајлинг го краси и волуменозна фризура, како и шминка во земјени тонови.

„Постои таа црнобела гламурозна естетика, елегантна и меланхолична. А со доза на Бардо сè станува уште посексапилно. Воодушевена сум“, изјавила пејачката за „Vogue“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk