Помрачувањето на Сонцето на 21 септември најмногу ќе израдува 3 хороскопски знаци: Пристигнува љубовта за која сонувале долго

Кармин

18/09/2025

16:00

452

Големина на фонт

а а а

Дали сте подготвени за делумно помрачување на Сонцето во Девица кое нѐ очекува на 21 септември, ден пред есенската рамноденица?

Хороскопот вели дека овој небесен настан носи моќна и по малку тешка енергија, за која во последниве недели целиот астролошки свет зборува.

Додека Сонцето преминува во Вага, а Марс влегува во Шкорпија, се отвора простор за романтични искри кои на посебен начин ќе ја одбележат сезонава.

Астролозите нагласуваат дека токму Бикот, Ракот и Рибите ќе бидат меѓу оние кои најмногу ќе ги почувствуваат овие промени, без оглед на тоа дали станува збор за љубовниот живот, емотивното преобразување или ненадејните средби.


Доколку имате важни планети во овие знаци, подгответе се за бран на енергија којшто ве потсетува дека љубовта умее да го најде својот пат баш тогаш кога најмалку очекувате.

Бик

Биковите се познати по својата постојаност, нежност и хедонизам. Токму поради тоа овој период како да е скроен за вас. Сега е појасно од кога и да е да знаете што сакате од љубовта и партнерството.

Стандардите кои ги поставувате не се само желба, подготвени сте да ги живеете. За да го постигнете тоа, ќе биде потребно да зачекорите надвор од својата зона на комфор.

Отворете се за нови познанства, освежете го својот профил на апликациите за запознавање или едноставно дозволете си себе да бидете видени. Помрачувањето е можност да препознаете точно каква личност сакате да имате покрај себе и со самодоверба да тргнете кон таа слика на љубовта.

Рак

Драги Ракови, вие сте знак којшто безрезервно дарува љубов, но сега доаѓа време да научите дека треба да ја барате за возврат. Клучот лежи во искрената комуникација.

Небото ви отвора можност јасно да ги изразите своите чувства и потреби, а токму тоа може да разбуди нова искра со личност која ви се допаѓа.

Престанете да ги ставате другите пред себе и да го гасите сопственото светло заради мирот во врската. Автентичноста е она што сега ве прави привлечни.


Риби

Рибите се вечни сонувачи, оние кои и најобичните моменти ги претвораат во бајка. Овојпат вашата романтика добива посебно место под светлото на помрачувањето.

Сетете се на старите чувства, дозволете си себеси да се потсетите на моментите кои некогаш ви буделе пеперутки во стомак, баш тука лежи можноста да ја обновите љубовта.

Помрачувањето на 21 септември ве повикува повторно да се вљубите – без оглед на тоа дали ќе станува збор за партнер или во самата магија на љубовта. Понекогаш доволно е само мало внимание и нежност за нешто да остане вечно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk