Немаат сите делови на нашиот дом исто осветлување, но тоа не значи дека не може сѐ да биде разубавено со собни растенија. Некои видови одлично напредуваат и во мрачна просторија, а се негуваат едноставно.
Крајот на летната сезона го враќа фокусот од цвеќињата за тераса на повеќегодишните растенија кои растат дома, еднакво раскошни и еднакво убави.
Собните растенија се многу едноставни за одгледување, а даваат пријатна и топла атмосфера во домот и служат како елегантен декор, а клучно е да им дадете доволно вода и светлина со повремено ѓубрење за да напредуваат.
Сепак, не е секоја просторија обвиена со сонце, но постојат растенија кои природно успеваат во услови на послабо осветлување, па се одличен избор за простории со помалку часа сончева светлина во текот на денот, како и за ходници, тоалети или простории со помали прозорци.
Доколку сакате да ги оплемените потемните делови од домот, растенијата кои ќе ги најдете во продолжение се вистински доказ дека зеленилото не мора да зависи од сончевата светлина.
Познат е по елегантните бели цветови и темнозелени листови, а лесно се негува, не бара многу светлина за да расте. Освен што е декоративно, помага и во прочистување на воздухот, па е омилен избор за во канцеларија и станови.ќ
Овој папрат, познат како Венерина коса, препознатлив е по своите ситни листови. Најдобро успева во влажно опкружување, па е идеален за во бањата или места каде сонцето речиси и не допира.
Исклучително отпорно растение кое преживува и во мрачни агли од домот е чест избор и за луѓето во Македонија. Модерниот изглед го прави ова растение совршено за декорација на просторијата, а речиси и да не бара нега.