[ФОТО] Неколку чекори пред кралицата: Стајлингот на Меланија Трамп за дружба со Камила „го става во заборав“ вчерашниот моден гаф

Точка

18/09/2025

18:36

533

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп со делегацијата моментално се во официјална посета на Велика Британија, а синоќа во нивна чест во салата „Сент Џорџ“ се одржа кралски банкет.

Трампови престојуваа во Виндзор, каде што кралот Чарлс III и кралицата Камила им ги покажаа вредните предмети на Кралската библиотека, пред американскиот претседател да се упати на средба со премиерот Кир Страмер.


За посетата на едно од најважните места во замокот, Меланија повторно, како и кога пристигна во Англија, на првата средба со кралското семејство, се одлучи за едноставно модно издание, а денешното несомнено ќе добие многу пофалби.


Со оглед на тоа што многумина сметаат дека Меланија разочарала со нејзиниот стајлинг на банкетот, денешниот моден избор е одличен начин да се „искупи“ бидејќи таа избрала феноменален аутфит за дневна елеганција.


Првата дама на Америка изгледаше феноменално во комплетот во боја на карамела, комбинација од сако и пенсил здолниште кои оставаат уште подобар впечаток благодарение на материјалот.



Имено, станува збор за кожена комбинација од струкирано сако со џебови и текстурирани ревери, додека посебен допир на софистицираност дава едвај забележливиот раб во посветла нијанса.


Што се однесува до здолништето, пенсил моделите се чест избор на Меланија, а денска таа носела малку пошироко миди здолниште од вообичаеното, со текстуриран дезен од страната што се совпаѓа со оној на засечените ревери на сакото.


Како и вообичаено изгледот го надополни со високи потпетици во слична нијанса како комплетот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk