Додека сите зборуваат за „Еми“ наградите, тие двајца шетаат по градот, одат на забави и уживаат во нивната љубов.
Холивудскиот пар, манекенката Џиџи Хадид (30) и актерот Бредли Купер (50), одамна повеќе не ја кријат својата љубов.
Убавата манекенка уште во текот на прославата на својот 30 роденден, првпат на социјалните мрежи ја потврди врската која трае веќе две години.
Овој пар наместо на доделувањето на „Еми“ наградите, одлучил да оди во ресторан во Њујорк, па папарацо фотографите ги фатиле како напуштаат една коктел забава.
Модното издание на убавата Џиџи веднаш го привлекло вниманието, со оглед на тоа што одлучила да носи ефектен, шарен фустан и сребрени високи потпетици.
Ниту Бредли Купер не заостанувал кога станува збор за модата. Класичната црна модна комбинација, панталони и кошула, секогаш е полн погодок, така што холивудскиот заводник и овојпат бил стилизиран без грешка.
Џиџи и Бредли од почеток својата врска ја држат далеку од очите на јавноста. Никогаш не се криеле, но не сакале да откриваат детали од својот однос. Единствено што е познато е дека во љубовта се сериозни, но истовремено и опуштени, па уживаат во секој момент.
И двајцата имаат деца од претходните врски, Бредли има ќерка со Ирина Шајк, додека пак Џиџи има ќерка со Зејн Малик. Наводно нивните ќерки одлично се согласуваат што дополнително им го олеснува заедничкиот живот.