Бракот им бил параван за неверство: Ја напуштил најубавата жена на светот поради онаа која сега сите ја мразат и му го нарушува угледот

Кармин

01/09/2025

10:30

5.731

Големина на фонт

а а а

Актерскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс одамна се познати како еден од најслатките парови во Холивуд, но нивниот углед бил нарушен со скандал којшто се случил по снимањето на филмот „Завршува со нас“ и јавната кавга со актерот Џастин Балдони којшто бил режисер на филмот и којшто глумел со Блејк.

Угледот на актерката Лајвли прво бил нарушен кога критичарите на должност ја критикувале поради начинот на којшто го промовирала филмот со семејно насилство, а потоа во декември 2024 година била поднесена тужба против Џастин Балдони, тврдејќи дека создал непријателско работно опкружување, сексуално ја вознемирувал и го кршел нејзиниот професионален интегритет.


Тој возвратил со контратужба за клевета и ги објавил нејзините пораки во јавноста оставајќи впечаток дека актерката манипулира со вистината во своја корист.

Исто така било откриено дека таа пишувала жешки пораки со Балдони, го викала да дојде да ја гледа додека дои и сето тоа го криела од својот сопруг. Судот ги отфрлил нејзините тврдења, но случајот со актерката сѐ уште е во тек и судењето е закажано за март 2026 година.

Имено, Балдони направил веб-страница на која ги објавил сите докази кои ги поседува, а кои ја прикажуваат Блејк во малку поразлично светло. Тоа довело до повторно појавување видеа кои покажуваат дека актерката во минатото била многу проблематична во интервјуата, но и непријатна кон своите колеги.


Како се запознале Блејк и Рајан?

Кога првпат се сретнале, тој бил оженет, а таа во долга врска. Отсекогаш тврделе дека се вљубиле дури кога биле слободни, а многумина се сомневаат во тоа и тврдат дека нивната врска започнала со прељуба, односно дека Рејнолдс ја изневерувал својата сопруга Скарлет Јохансон, а Блејк своето момче Пен Бенџи.

Тие се запознале на сетот од филмот „Златен фраер“. По завршувањето на снимањето Блејк и Пен официјално раскинале во октомври 2010 година, а два месеци подоцна Рејнолдс и Скарлет објавиле дека се разведуваат.


Токму во тоа време започнале гласините дека Рајан и Блејк јавно се појавуваат како пар. „Дејли мејл“ во декември 2010 година објави дека келнерка во Њујорк ги услужила Рајан и Блејк и дека тие изгледале како пар.

„Беа сами и во поголем дел од времето се смееја. Изгледаа како да се на „дејт“. Да не знаев кои се би помислила дека се супер пар“, изјавила келнерката.

Актерите раскажале бројни анегдоти од снимањето, па Блејк открила дека правела торти за цела екипа само за да го „саботира Рејнолдс“.

„Многу тренираше, а јас сум девојка. Морам подобро да изгледам од него“, изјавила таа.

Тие набрзо потоа престанале да кријат дека се пар и насекаде заедно се појавувале.


Актерот изјавил:

„Долго време сме пријатели, мислам дека тоа е најдобриот начин да се започне врска, како пријатели. Околу една година по филмот и двајцата бевме слободни, па отидовме на „дејт“ и така започна сѐ“.

Скарлет Јохансон не сакала да ги коментира озборувањата, а во едно интервју рекла дека таа и Рејнолдс имале многу обврски, па често го поминувале времето одвоени. Нема докази дека ја изневерил, но без оглед на тоа, на многумина им е жал поради нивното раскинување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk