Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, мамеше воздишки на црвениот килим на Венецијанскиот филмски фестивал, каде што се појави на доделувањето на наградите „Filming Italy Venice“.
Нејзиниот масивен свршенички прстен беше во преден план, засенувајќи ги сите други модни додатоци. Но, не беше само тој во фокусот на вниманието.
Имено на овогодишниот фестивал Георгина ја покажа својата лојалност кон чипката – прво во дневна комбинација со фустан од Оскар де ла Рента со кој ги воодушеви обожавателите, а потоа и на црвениот килим во уште погламурозно издание, каде што повторно воодушеви.
Според „Parade“, партнерката на познатиот фудбалер носела прекрасна црна креација од Роберто Кавали. Станува збор за тесен фустан со тенки прерамки со богат цветен, чипкаст дезен и елегантна опашка, кој совршено ја истакна нејзината фигура и ѝ го обезбеди статусот на една од најдобро облечените ѕвезди на вечерта.
Родригез го надополни изгледот со блескав ѓердан и обетки, но во центарот на вниманието беше нејзиниот свршенички прстен.
Таа гордо го покажа импресивниот дијамантски прстен од 30 карати, кој, според „¡HOLA! Spain“, вреди шест милиони долари. Прстенот се состои од голем дијамант со овален рез окружен со помали триаголни камења.
Нејзиниот изглед и огромниот прстен предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Откако се сврши, сјае“, „Таа е Моника Белучи во некој друг живот“, „Толку е среќна“, „Изгледаш поубаво од кога било“, „Како Моника Белучи“, „Толку убава“, „Изгледа како Моника Белучи“, „Откако ѝ го даде тој прстен, Џио сјае уште повеќе“, беа само дел од нивните коментари.