Одредени растенија се опасни за домашните миленици, но овие кои ги издвоивме денеска за вас се целосно безопасни.
Собните растенија го облагородуваат секој дом, канцеларија или било кој затворен простор.
Иако некои се опасни за домашните миленици, овие кои ги издвојуваме се целосно безопасни. Освен што го разубавуваат амбиентот, се верува дека тие ја тераат негативната енергија од домот и го подобруваат расположението.
Ќе се вклопат во секој простор, а барем едно од нив треба да имате во домот.
Освен што е совршен додаток за јадењата, босилекот мириса прекрасно и го освежува просторот. Традиционално се смета дека ги брка злите духови и негативната енергија, особено доколку запалите неколку гранчиња босилек. Ова повеќенаменско растение вреди да го имате во домот.
Познат и како растение кое носи добар почеток, привлекува љубов и буди страст. Освен што поттикнува добро расположение, лесно се одгледува и во саксија и има пријатен мирис и е декоративно растение.
Едно од најубавите и најмирисливи растенија. Смирува, помага при несоница, нервоза и депресија. Може да се чува внатре во текот на зимата, а налето ставете го надвор, лесно се шири и може да се засади и во градина.