[ФОТО] Порадите новите фотографии: Атрактивните мајка и ќерка трпат навреди и понижувања

Точка

01/09/2025

21:45

851

Големина на фонт

а а а

Германската манекенка Хајди Клум и нејзината наследничка, Лени Клум, веќе некое време го привлекуваат вниманието на јавноста - или поточно, јавниот гнев - поради нивните модни кампањи.

Тие често заедно снимаат промотивни реклами за добро познатиот бренд за долна облека „Intimissimi“, а тоа, според многумина, не е соодветно за нивната врска.


Сега, по којзнае кој пат, тие повторно предизвикаа лавина коментари и осуди. Се појавија на Венецијанскиот филмски фестивал, а на модните критичари не им се допадна нивниот стајлинг.

За да биде уште полошо, мајката и ќерката објавија фотографии од своите модни комбинации на Инстаграм, додавајќи „масло на огнот“.


Тие позираа на кревет и се чини дека, судејќи според коментарите, тоа било повод за многу негативни коментари.

„Вознемирувачки“, „Ова е толку морничаво“, „Не сакам да ги видам заедно во кревет“, се само дел од негативните коментари.


Сепак имаше и такви што ги поддржуваат.

„Вие сте чудни со такви одвратни мисли“, „Зошто е ова чудно, не гледам проблем?“, „Ова се само мајка и ќерка кои позираат една до друга“, беа дел од коментарите со поддршка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk