[ФОТО] Се вери славната пејачка: Под објавените романтични фотографии напишаа само една реченица и на сите им беше јасно сѐ

Кармин

27/08/2025

08:35

2.612

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите парови на светот, поп ѕвездата Тејлор Свифт и NFL играчот Травис Келси, ги израдуваа фановите со веста дека се верија.

Среќната вест за веридбата на Тејлор Свифт и Травис Келси ја споделија на социјалните мрежи со фотографии направени во раскошна цветна градина. Во описот кратко и духовито напишале: „Вашата учителка по англиски и вашиот учител по физичко се венчаа“.

Оваа објава веднаш предизвика бура од реакции, а обожавателите го преплавија Инстаграмот со коментари во кои им упатија честитки на парот.

Љубовна приказна која го освои светот

Пејачката Тејлор Свифт и Травис ја започнаа врската на почеток на 2023 година, а романсата јавно ја потврдија во октомври истата година кога заедно се појавиле на забавата на емисијата „Saturday Night Live“.

Од тој момент, нивната љубовна приказна станала вистински медиумски феномен, привлекувајќи огромно внимание во јавноста.


Тејлор станала редовен гостин на натпреварите на Келси, додека пак тој често бил забележуван на нејзините концерти. Нивното меѓусебно поддржување само дополнително оставило впечаток дека тие се совршен пар од соништата.

Нов албум

Пејачката од Пенсилванија неодамна во поткастот „New Heights“ којшто го води Травис со својот брат Џејсон Келси, откри дека наскоро излегува нејзиниот нов албум.


Проектот наречен „The Life of a Showgirl“ ќе биде објавен на 3 октомври и веќе сега се најавува дека е еден од најважните музички настани на годината.

Веридбата и најавата за албум за фановите значат двојно славење, а јасно е дека наредниот период за Тејлор и Травис ќе биде исполнет со големи возбудувања и приватни и професионални.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk