[ФОТО] „Изгледа како кит на суво...“: Пејачката која сите ја обожуваме ја исмеваат поради вишокот килограми и – не бираат зборови

Кармин

27/08/2025

15:00

1.685

Големина на фонт

а а а

Пејачката Нели Фуртадо (46) неодамна пеела на Прајд во Манчестер во маица која го отсликувала слабото женско тело, а на тој цртеж имало и натпис „Whoa Nelly“, додека пак на грбот пишувало „Better Than Ever“ како алузија на нејзиниот истоимен сингл од 2024 година.

Нели пленела со насмевка на сцена и очигледно сакала да стави до знаење дека токму така насмеана се справува со критиките за вишокот килограми.

А, критиките и тоа како умеат да влијаат лошо, оние на сметка на Нели се следни: „Изгледа како кит“, „Предебела“, „Не треба таква да се појавува на сцена“, „Треба поразлично да се облекува“...

Нели на почетокот на годинава одлучила на Инстаграм да го покаже својот природен изглед, без филтери или фотошоп затоа што сфатила дека и тоа како влијае на ставот на другите жени, за убавината, а истовремено стекнала многу самодоверба. Порачала дека го сака секој сантиметар од своето тело, но и дека немала било каква естетска или пластична корекција на себе.

Таа спомнала и дека научила како повеќе да се сака себеси, во текот на претходните години кога се соочила и со немили ситуации, па морала да започне судска постапка против луѓето кои на интернет ги рекламирале своите услуги користејќи лажни податоци за нејзината убавина и здравје.

Нагласила дека единствено нешто кое на неа е вештачко се горните заби. Дека од истата жена купува серуми и креми со години, а сѐ започнало кога била тинејџерка.

„Еден ден пред снимање и црвениот тепих пијам многу вода и спијам на грб. Понекогаш на црвениот тепих или на снимање мојот шминкер користи лента за лице за да ги подигне моите очи, кожа и шминка. Понекогаш мојот стилист користи лента за тело за да добие одреден изглед“, напишала Нели Фуртадо.

Таа нагласила дека на фотографиите не е нашминкана, но дека на кожата има спреј за самопотемнување, но и изразени вени кои ги „добила“ благодарение на родителите.

Нејзината порака е дека секој треба да биде тоа што е и да ја слави својата индивидуалност.

„И знајте дека целосно е во ред да го прифатите она што го гледате во огледало, а исто така во ред е да сакате нешто поразлично. Сите ние сме слатки мали луѓе кои само скокаат по земја барајќи ги да ги прегрнат“.

Инаку, Нели Фуртадо (46) е канадска пејачка која има и португалско државјанство. Се прослави со албумот „Whoa, Nelly!“ на којшто е песната „I’m Like a Bird“ која ѝ донесе Греми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk