Студија потврди: Децата со аутизам често имаат недостаток на два важни нутриенти во организмот

Кармин

01/09/2025

09:55

929

Големина на фонт

а а а

Милиони деца од аутистичен спектар би можеле несвесно да патат од недостаток на важни витамини, покажува новото истражување кое ја истакнува поврзаноста на исхраната и аутизмот.

Веќе е познато дека децата со аутизам се склони кон пребирање на јадења, како и страв од непозната храна, но конкретните последици на таквите прехранбени навики досега не биле доволно истражени.

Истражувачи од Сингапур ги проучувале прехранбените навики кај повеќе од 240 деца и откриле дека речиси 40 отсто од децата со аутизам имаат недостаток на витамин Д и железо.


Покрај тоа, кај повеќе од 15 отсто од децата со ниско ниво на железо се развила и анемија – состојба во која телото нема доволно здрави црвени крвни зрнца за пренос на кислород.

Научниците ги повикале здравствените власти да го разгледаат воведувањето на рутинските нутритивни проверки за децата со аутизам.

Во магазинот „Nutrients“ напишале:

„Недостатокот на витамин Д и железо е често кај децата со аутизам. Навременото препознавање и лекување на тие недостатоци може значително да го подобри нивното здравје и развој“.

Возраста на детето има голема улога

Резултатите покажале дека кај 36,5 отсто од децата со просечна старост од четири години забележан бил недостаток на витамин Д, а кај 37,7 отсто недостаток на железо. Колку што децата биле постари, толку и ризикот бил поголем, за секој дополнителен месец старост шансата за недостаток на витамин Д се зголемила за 4 отсто.


Истражувачите забележале дека постарите деца почесто развиваат анемија поради недостаток на железо. Но, кај одредени деца таквата поврзаност не е забележана, веројатно затоа што помалите деца почесто консумираат адаптирано млеко кое содржи дополнително железо.

Авторите нагласиле дека студијата има одредени ограничувања.

Последици од недостаток на витамини и железо

Недостатокот на витамин Д може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се рахитис, болки во коските и мускулите. Недостатокот на железо најчесто се покажува низ умор, бледило на кожата, краток здив и главоболка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk