Најздравата житарка која е преполна со железо, а ретко ја подготвуваме – поволно делува и на срцето и на бубрезите

Кармин

26/08/2025

16:00

1.286

Големина на фонт

а а а

На телото, умот и духот му дава животна енергија, има смирувачко дејство. Токму поради тоа црвената леќа е една од најважните намирници во кујната која се смета за најздрава меѓу сите видови леќи.

Нејзините зрна се преполни со витални и хранливи состојки како протеини, јаглехидрати и растителни влакна, како и витамини и минерали како што се магнезиум, железо, цинк, фолати, фосфор, калиум, бакар и витамини од групата Б.

Црвената леќа е слатка, лесна намирница која го закрепнува организмот, особено кога е варена со малку масло и зачини.


Лековити својства на црвената леќа

Црвената леќа е лесна, вкусна и лесно се вари, па многумина редовно ја користат.

Поради својата хранливост, се препорачува при закрепнување по болест. Го јакне имунитетот, го чисти организмот, а помага и при нарушувања на црниот дроб.

Црвената леќа е особено ценета намирница затоа што:

- Помага при варење на храната;
- Помага против надуеност и грчеви;
- Таа е природен лаксатив;
- Ги елиминира токсините од телото;
- Дава виталност и енергија;
- Ја стимулира работата на срцето;


- Ги опушта крвните садови со што ја зголемува циркулацијата на крвта;
- Позитивно влијае на имунитетот;
- Поволно делува на бубрезите и системот за мокрење;
- Помага во искашлување;
- Го зголемува производството на мајчино млеко;
- Ја негува и прочистува кожата;
- Има низок гликемиски индекс.

Со оглед на бројните здравствени предности, црвената леќа има повеќекратна корист за нашето здравје, па вреди да ја внесете во секојдневната исхрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk