Филмскиот фестивал во Венеција традиционално привлекува големо внимание, а тогаш имаме и можност да уживаме во совршените модни изданија на сите холивудски убавици.
Од кого секогаш се очекува да биде на висина на модната задача? Дефинитивно од Амал Клуни и таа секој пат ги исполнува очекувањата.
Иако сè уште не стигнала до црвениот килим, нејзиниот избор за самото пристигнување во Венеција привлече големо внимание.
Елегантна како и секогаш, Амал избра нежно жолт фустан на преклоп со впечатлив златен ремен. Целото модно издание го надополни со бели салонки.
Таа ниту овој пат не се откажа од својата препознатлива фризура, долгата брановидна коса, а и нема причина да се откаже бидејќи ѝ прилега совршено.
Меѓутоа ни Џорџ Клуни не заостануваше многу зад својата сакана, па откако повторно ја врати седата коса, блесна покрај Амал во кремасти панталони и црна маица со јака.