Хали Бери во брутално издание му одговори на поренешниот партнер: Ја прозва во медиумите, не му остана должна – уф, готвење, чистење, мајчинство...

Кармин

21/08/2025

09:43

3.419

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери во неделата споделила фотографии на кои ужива во летото.

Бери моментално е на тропски одмор со своето момче, музичарот Ван Хант, за да го прослави својот 59 роденден.

„Го извлекувам најдоброто од облачниот ден“, напишала Бери во описот на објавените фотографии.

Наместо да носи минијатурно бикини, Бери носела чипкаст „полБери“ на 59 години, додека пак во саботата на Инстаграм споделила фотографии од прославата на роденденот.

„Ви благодарам од срце на сите прекрасни роденденски желби. Сите вие сте покрај мене и тоа ме прави многу среќна“, порачала актерката.


Неодамна пак, таа му одговорила на својот прв сопруг, Дејвид Џастис, откако изјавил дека „одлучил да си оди“ од Бери во 1996 година, по три години брак затоа што не можел да ја замисли како мајка на своите деца.

„Моето знаење и моето разбирање... Мојата мудрост околу врската тогаш не беше толку голема. Ја гледав својата мајка, јас сум момче од американскиот среден запад, па во својата глава мислев дека жената тогаш треба да готви, чисти и потоа помислив: Ок, доколку имаме деца, дали ова е жената со која сакам да имам деца и да изградам семејство? А, тогаш таа не готвеше, не чистеше и не ми изгледаше мајчински“, изјавил тој.


Бери саркастично одговорила во објава на Инстаграм која ја насловила со „Уф, Готвење, чистење, мајчинство...“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk