Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, продолжува да предизвикува огромен јавен интерес со секое појавување и објава на социјалните мрежи, а сега се огласи од патувањето во Унгарија.
Грабар-Китаровиќ објави неколку фотографии од Будимпешта, главниот град на Унгарија.
Поранешната претседателка позирала во впечатлив зелен фустан и ја покажала витката фигура.
Таа присуствувала на свеченоста на која Томас Бах го примил Големиот крст на унгарскиот ред за заслуги, со што се препознава неговата посветеност на заштитата на интегритетот на спортот и промовирањето на духот на Олимписките игри и фер-плејот. Томас Бах е поранешен германски мечувалец и олимписки победник од Монтреал во 1976 година, а од 2013 година е претседател на Меѓународниот олимписки комитет.
„Беше задоволство повторно да се сретнам и со поранешните колеги, Каталин Новак и Пал Шмит. Благодарна сум за ваквите моменти што нè потсетуваат на вистинската сила на спортот што нè инспирира и обединува“, напишала Колинда на Инстаграм.
Колинда извесно време не објавуваше на социјалните мрежи. Пред Будимпешта, таа покажа неколку фотографии од Азербејџан.
Сега многумина ја забележаа нејзината витка фигура во зелениот фустан. Поранешната хрватска претседателка претходно ја откри тајната на нејзината фантастична линија. Таа вели дека не брои калории, но внимава на гликемискиот индекс на храната. Не јаде додадени шеќери, избегнува калорични пијалаци, јаде многу зеленчук, риба и салати. Исто така, избегнува леб.