[ФОТО] Џорџа Мелони на самитот во Канада носи широки костуми кои „зрачат“ чиста моќ: Висока е 163 см, но добрите потпетици навистина можат сè: Трикот на италијанската премиерка кој секоја жена треба да го примени

Точка

18/06/2025

20:44

1.388

Големина на фонт

а а а

Додека светот се „прашува“ што ѝ шепнал Макрон на Мелони, по што таа толку „дискретно“ ги преврте очите за сите да видат, нејзините одлични модни изданија на Самитот на Г7 во Канада, каде што таа е единствената дама-шефица на влада, останаа во сенка на нејзиниот разговор со Макрон.

Џорџа Мелони има и стил и вкус, што и се очекува од една Италијанка.


Таа е несомнено една од најмоќните европски политичарки, а освен со своите непопустливи и честопати контроверзни ставови, таа привлекува внимание и со модните комбинации – едноставни, елегантни, ефективни и, пред сè, моќни. Не е ни чудо што ја освои титулата кралица на „power dressing“ речиси веднаш штом се појави.



Првата жена шефица на влада во историјата на Италија внимателно го негува имиџот кој зрачи со самодоверба и сериозност, а модата ја користи како „продолжение“ на своите политички пораки. Секој детаљ, од бојата до кројот, внимателно ги одбира за да ја нагласи нејзината решителност и авторитет, но и личноста на лидерка која не се двоуми да преземе одговорност.


Харизматичната премиерка најмногу се држи до италијанската модна традиција, широко позната и почитувана во секој агол од планетата. Често носи совршено скроени костуми од Џорџо Армани, вечното олицетворение на софистицираност и префинетост.


Нејзиниот уникатен стил и минималистичкиот пристап кон облекувањето станаа инспирација за многумина и мора да се напомене дека тие претставуваат целосен контраст на креациите во кои ги гледаме Меланија Трамп, Брижит Макрон и други први дами. Џорџа секако е на многу поодговорна позиција од нив.


Стајлинзите на Мелони им зададоа „контраудар“ на строгите изданија во кои ги гледаме Доналд Трамп, Емануел Макрон и другите лидери. Нејзините модни изданија дури и некако се вклопуваат во околниот пејзаж, во кој се менуваат небесно сини и планински зелени нијанси.



За првиот ден, таа избра светлосина комбинација која, освен свежина, внесе допир на дискретна лежерност на настанот. Костумот со малку поширок крој го комбинираше со романтична чипкана блуза која можеше да се забележи под сакото, а носеше и бели чевли. Тогаш всушност и настана снимката на која таа преврте со очите за време на разговорот со претседателот на Франција.




Во костумот, нејзиниот заштитен моден знак, се појави и денес, а овој пат тој беше во бела боја со малку потесен крој.


Мелони, која е висока 163 сантиметри, обично ги надополнува своите модни комбинации со чевли со високи потпетици, понекогаш дури и вртоглави, но нејзиниот самоуверен чекор, исто како и нејзиниот изглед, порачува дека „со неа нема шега“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk