Додека температурите полека почнуваат да растат, а метеоролозите најавуваат топлотни бранови, модниот совет во таквите моменти е едноставен – доколку планирате да купите една работа, тоа нека биде ленен фустан.
Лесниот лен се покажал како непобедлив сојузник во борбата против летните жештини. Без оглед на тоа дали сонувате за вечера на отворено, дали ќе се подготвувате за пат во тропските краеви или едноставно сакате да изгледате средено за на работа, ленените фустани одговараат на сите прилики.
Особено се истакнуваат и ленените кошули-фустани кои се совршен избор за канцелариските денови. Нудат класичен, но и опуштен крој којшто ѝ дозволува на кожата да „дише“, без жртвување на елеганцијата.
Урбаните модни комбинации деновиве не можат да се замислат без ленените фустани, а тие се главен актер на секое летно издание во градот. Со вистински аксесоари лесно може да „преминат“ од дневен во вечерен изглед, а притоа нудат максимална удобност.
Единствениот проблем којшто може да ве снајде со ленениот фустан е тоа што постојано мора да го пеглате затоа што материјалот е таков.
Ленените фустани секое лето повторно и повторно се актуелни, затоа наместо да купувате работи кои ќе ви траат една сезона, посегнете по нешто ленено.