Семејна терапевтка открива 5 реченици кои не треба да им ги кажувате на вашите ќерки додека растат: „Можат да направат повеќе штета од корист“

Кармин

28/05/2025

11:27

2.966

Големина на фонт

а а а

Не е лесно во ваков свет да одгледувате ќерка, а семејна терапевтка советува дека овие пет реченици не треба речиси никогаш да ѝ ги кажете на вашата ќерка.

Светот е полн со застарени очекувања за девојчињата, општествените пораки се длабоко всадени врз обликот на нивните тела, а нивниот изглед претставува карактеристика за нивната севкупна личност. Растењето на девојче низ адолесценција и пубертет со недопрена самопочит не е лесна задача.

Семејната терапевтка Лора Фројен открива 5 реченици кои не треба да им ги кажувате на вашите ќерки.

1. „Тој те задева затоа што те сака“

Според Фројен, ова е една од најштетните пораки кои родителите можат да им ги кажат на своите ќерки. Девојчињата мора да знаат дека доколку некој ги сака, со него треба да се постапува со достоинство и почит.


2. „Биди добра“

„Со тоа ги учите девојчињата своите чувства, желби и потреби да ги ставаат на последно место“, вели Фројен, па додава:

„Тоа создава млада девојка и жена која не сака да се избори за себе, не сака да ги прашува родителите за она што го сака затоа што од мали сте ја научиле да биде добра“.

Но, тоа не значи дека децата не смеат да имаат добри манири. На пример, принудувајќи ги да бидат добри, наместо да ги прашате како би се чувствувале доколку некој ја земе нивната омилена играчка, не дозволувате да се самоиспитуваат. „Нека биде свесна за она што се случува околу неа, наместо да ја има таа општа насока да биде добра“.

3. „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња“

Оваа стара реченица е штетна од повеќе причини. Но, кога девојчињата ќе ја слушнат, може да ги доведе до ситуација да се чувствуваат многу немоќно да донесат било каква промена.

„Таа порака на девојчињата им кажува дека доколку поставуваат граници со момчињата, на пример, доколку не сакаат момчињата да ги бркаат по игралиштето, дека тие нема да ги послушаат“, вели Фројен.

„Момчињата би требало да ги имаат истите очекувања за одговорност како и девојчињата“.


4. „Изгледаш многу слабо“

Коментирањето на телото во било кој контекст, негативно или позитивно, на крај е штетно за децата.

„Она што го покажуваат истражувањата е дека секој коментар за изгледот на детето има потенцијал да биде деструктивен за сликата за телото на детето, особено за девојчињата“.

5. „Баш си убава“

„Многу од родителите тоа го кажуваат затоа што сакаат да ја зајакнат самодовербата на своето дете“, вели Фројен.

Но, истражувањата покажуваат дека не е така. Тоа доведува до тоа детето да мисли дека изгледот и убавината се најважни и дека по тоа се вреднуваат работите. Фројен вели дека останатите луѓе ќе го коментираат изгледот на вашата ќерка и дека тоа е доволно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk